ЈУГОТОН

ЗА НАС И КОМПАНИЈАТА

Југотон... Најстарата музичка продавница во Македонија се наоѓа во градскиот трговски центар на 1 кат во Скопје уште од далечната 1974 година, а следната 2024 ќе славиме 50 години од своето постоење. Некогаш, како составен дел на најголемиот музички издавач Југотон од поранешна Југославија, а од 1992 година самостојно на македонскиот пазар. Ова култно музичко место и собиралиште на сите познати лица од естрадата нуди широк асортиман на носачи на звук, компакт дискови, грамофонски плочи и замислете касети, кои се сосема непознати на помладите генерации. Исто така, во нашиот асортиман можете да најдете голем број артикли со претежно музички мотиви, постери, беџови, налепници, маички, книги... Една од главните мисии на Југотон е давање поддршка и промоција на македонските бендови и артисти, па така во нашата понуда можете да најдете скоро се од македонската музичка сцена, новосоздадени наслови со народна и забавна музика, па и антологиски и незаборавни македонски музички евергрини. Исто така, Југотон секогаш има отворена врата за соработка со мекдонски продуценти за издавање, продажба и дистрибуција на носачи на звук под нашата трговска марка и промоција на македонски артисти на домашниот и странскиот пазар.  За вистинските аудиофили, Југотон нуди голема понуда на винили од различни жанрови. Југотон е напопуларното место за продажба на влезници за спортски, културни и музички настани и во нашата продавница можат да се купат влезници за сите настани. Југотон има сопствена продажна мрежа за продажба на влезници во сите поголеми градови во Македонија. Освен физичката продажба на влезници, Југотон има сопствена платформа за онлајн продажба на влезници која во техничка смисла е една од наједноставните и најмодерните на нашиот пазар, што секако е голема предност за купувачите на кои им овозможуваме едноставно и безбедно купување. Следејќи ги светските трендови, наша намера е во догледно време целосно да преминеме на дигитална однодно онлајн продажба на влезници, со што грижејќи се за животната околина би избегнале употреба на хартија и материјали за печатење. Југотон ги исполнува сите светски стандарди да продажба на влезници.  Со почит, Ваш Југотон   

Често поставувани прашања

Како да купам влезница онлајн ?
Посетете го следниот линк www.online.jugoton.mk
Која е вашата локација ?
Југотон се наоѓа во Градски Трговски Центар во Скопје на 1 кат
Кој е вашиот телефонски број ?
Нашиот телефонски број е +389 2 3239860