Според информациите што ги добивме, скопскиот концерт на Sting е најпродаван од сите досегашни концерти што се објавени во рамки на неговата „My songs“ турнеја во Европа која што трае 3 месеци (јуни, јули и август, 2019 година).
За концертот во Скопје, продадени се карти што далеку го надминуваат капацитетот на салата во Вип Арената, а сега со сигурност може да тврдиме дека Sting во Скопје ќе го видат минимум 30.000 луѓе од Македонија и од регионот.
Влезниците се достапни исклучиво преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија, онлајн на avalon.mk и во Југотон, по цени од:
ПАРТЕР - 1.500 денари
GOLDEN CIRCLE – 3.000 денари (само 2.000 билети, директно пред бина)
SILVER SEATS – 2.000 денари
GOLDEN SEATS – 3.000 денари
ВИП - 4.990 денари (строго ограничени количини)
Авалон Продукција