Kаролина Гочева 15,16,20,22.02,2019


Локација: Македонска опера и балет

Датум: 15.02.2019 20:00:00

Опис

 Драги пријатели, 


 

Големо задоволство ни е да ви го најавиме нашиот следен проект за 2019-та година- нашата најголема музичка ѕвезда Каролина Гочева, за прв пат во својата кариера ќе се претстави во живо на концерт, заедно со комплетниот состав на Македонската филхармонија.

 

Концертите се закажани во деновите на љубовта, на 15-ти и 16-ти февруари и ќе биде навистина огромно задоволство да се слушнат песните од проектот „Македонско девојче“, „Извор“ и некои од најубавите песни од претходните албуми на Каролина во живо, во комплетно нови аранжмани.


Новата сала на Македонската филхармонија како убедливо најдобра сала од овој тип во Европа во моментов, овозможува 100 отсто услови за неверојатно квалитетен музички производ каков што сме сигурни дека ќе добиеме од Каролина и од сите музичари во вечерите на 15-ти и 16-ти февруари.

 

Влезниците во максимално ограничен број по цена од 1.000 денари ќе бидат пуштени во продажба од среда (28.11) во 09 часот наутро онлајн и на продажните места на Авалон, и ако се земе во предвид што се случуваше со последните концерти на Каролина во МОБ, се разбира дека треба да побрзате.

 

Одиме понатаму,

Авалон Продукција