19.05.2023
Лимак Скопје Луксузен Хотел

Скај Бар 6 кат

Почеток: 21:00 ч - 00:00 ч

Информации

Драги другари и другарки

Мала група верни другари од нашата генерација која матурираше во веќе далечната 1995 година во гимназијата Јосип Броз во Скопје, реши да превземе иницијатива да направи генерациски собир по мерак на сите. 

Се разминуваме во градот, со некои и интензивно контактираме, но вистински одамна не сме се дружеле.

Затоа, Ве покануваме на генерациска собиранка во Скај барот на „Лимак Скопје Луксузен Хотел“ на 19.05.2023 во 21:00 часот...

Пијачки има за сите.... неограничено, Dj е обезбеден, а и паркингот во Лимак е платен.

Цената на влезницата изнесува 1.500,00 денари и може да се набави во Југотон во ГТЦ на 1 кат, како и онлајн на оваа страна.

Влезниците се достапни од 19.04.2023 до 10.05.2023

Да се видиме и да се дружиме!