Iron Maiden

Iron Maiden

Локација: Пловдив,Бугарија

Датум: 22.07.2018 20:00:00

Опис

   22 јули (недела) 2018 г., 20:00 ч.

                                                                                                                                   «Пловдив, Бугарија»

 

Еден специјален концерт во нов формат - HILLS EXCLUSIVE на фестивалот HILLS OF ROCK.

По неверојатниот успех на светската турнеја во 2016-2017 година, по повод 16-тиот студиски албум The Book of Souls, Iron Maiden повторно тргнуваат на пат во 2018 со серија концерти и фестивалски шоуа во Европа. Светската турнеја Legacy Of The Beast ќе ја започнат во Талин, Естонија на 26 мај и ќе заврши во O2 Арената во Лондон, на 10 август. Целосната листа со датумите за европската турнеја ќе биде објавен на www.ironmaiden.com како и концертите што се очекува да продолжат и во 2019.

Концептот за светската турнеја Legacy Of The Beast е инспирирана од истоимената мобилна игра и стрип на Maiden. Дизајнот на сцената ќе биде спектакуларен. Таму ќе оживеат неколку различни соединети “света”, а сетлистата ќе вклучува голем дел од хитовите на групата.

Менаџерот на Iron Maiden Род Смолууд сподели:

За овој концерт, полн со хитови, решивме да се базираме на темата околу името на Legacy Of The Beast, кое целосно одговара на нашите цели, и ни овозможува да бидеме креативни и да се забавуваме, особено со Еди! Ќе има многу изненадувања. Не сакам да издавам се во моментов, но работиме на неколку различни дизајни на сцената, задржувајќи ги традиционалните Iron Maiden. Се надеваме дека од сето тоа нашите фанови кои ќе дојдат да го видат тоа навистина многу специјално шоу, ќе бидат задоволни!

Влезниците за овој ексклузивен концерт на Iron Maiden во Пловдив ќе можете да ги купите во Југотон Рекордс (лево), продажната мрежа на Тикет Плус како и онлајн на ticketplus.mk и jugoton.mk по следниве цени:

Аранжман со организиран превоз:

  • 4.700 ден. до 31.12.2017
  • 5.000 ден. до 20.06.2018
  • 5.300 ден. до 22.07.2018

Аранжман со сопствен превоз:

  • 2.850 ден. до 31.12.2017
  • 3.050 ден. до 20.06.2018
  • 3.450 ден. до 22.07.2018

 ВАЖНО: Со секој купен аранжман со организиран превоз добивате поклон оригинален плакат од оваа турнеја на Iron Maiden!

ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИТЕ ЗАПОЧНУВА НА:

24  ноември (петок) 2017г. од 11:00ч.

Програма на патувањето:

 
Состанок на групата на 21.07.2018 во 23:45ч. на паркингот Дрводекор. Тргнување кон Пловдив на 22.07.2018  во 00:00ч.  Пристигување во Пловдив на 22.07.2018 околу 8ч. Слободно време за индивидуални активности. Почеток на концертот во 20.00ч. По завршувањето на концертот состанок на групата на договорено место и тргнување кон Скопје.