Fred Frith

Fred Frith

Локација: Makedonska Filharmonija (mala scena)

Датум: 20.02.2018 20:00:00

Опис

 

SKOPJE JAZZ FESTIVAL PRESENTS: FRED FRITH


 

 

Локација: Македонска филхармонија, мала сцена

Датум: 21.02.2018 (среда), 20:00 часот

Цена на билет: 600 денари 

 

Фред Фрит. Музичарот кој недостасуваше во сите изминати години на Скопскиот џез фестивал. Никогаш не беше слободен во октомври - поради обврските што ги има како професор на Милс колеџот во Оукленд, Калифорнија (образовниот “епицентар“ на експерименталната музика). Култен иноватор, гитарист, композитор и импровизатор. Англичанецот кој три децении ја водеше легендарната група Henry Cow, во доцните седумдесетти години на минатиот век се сели во Америка и почнува да соработува со познати њујоршки експериментални музичари. По издавањето на влијателниот албум “Guitar Solos” во 1974 година, Фрит обезбедува многу влијателно место на имровизаторската сцена во светот, не само како признат соло изведувач туку и во друштво на музичари како Бил Ласвел, Брајан Ино, Дерек Бејли, Хан Бенинк, Крис Катлер, Лол Коксил, Роберт Вајат, Том Кора, Зина Паркинс, Резидентс, Икуе Мори, Џон Зорн (со Зорн беше дел од групата Naked City) и други. Неуморно работеше со поголем број состави, како Skeleton Crew, Massacre, Keep the Dog, Art Bears, Guitar Quartet, Eye to Ear, Cosa Brava. Неговото име се среќава на повеќе од 400 дискографски изданија. Конечно, Фред Фрит ќе го видиме во Скопје.

 

Fred Frith. The musician we were missing all the years of Skopje Jazz Festival. He was never available in October because of his academic engagement in the Music Department at Mills College in Oakland, California (the educational epicenter of the experimental music). Frith has a cult status as innovator, guitarist, composer and improviser. The Englishman who led the legendary group Henry Cow for three decades, Frith moved to the U.S. in the late '70s, where he began associations with renowned New York-based experimental musicians. The release of the seminal album “Guitar Solos” in 1974 enabled him to simultaneously carve out a place for himself in the international improvised music scene, not only as an acclaimed solo performer but in the company of artists like Bill Laswell, Brian Eno, Derek Bailey, Han Bennink, Chris Cutler, Lol Coxhill, Robert Wyatt, Tom Cora, Zeena Parkins, The Residents, Ikue Mori, John Zorn (with Zorn he was member of Naked City) and others. He is also well known for his restless work with bands like Skeleton Crew, Massacre, Keep the Dog, Art Bears, Tense Serenity, Guitar Quartet, Eye to Ear, Cosa Brava. Friths’s name appears on more than 400 recordings. Finally we will see him in Skopje.