SKOPJE CAALING 2018


Alan Walker

Локација: АРМ СТАДИОН

Датум: 23.06.2018 19:00:00

Опис

 Еден од најголемите и најактуелни хитмејкери на денешницата, суперстар диџејот Alan Walker доаѓа на Skopje Ccalling 2018!

Во рамките на јубилејот 25 години од постоењето на Авалон Продукција и со желба Скопје да биде континуирана туристичка дестинација, се одлучивме оваа година фестивалот Skopje Calling да трае два викенда!

Па така, огромно задоволство ни е да ви најавиме дека хедланјер на првиот викенд на Skopje Calling 2018 ќе биде ALAN WALKER- апсолутно едно од најголемите имиња на електронската музичка сцена во во моментов, со настап на 2 јуни, сабота, на АРМ стадионот.

Иако има само 20 години, WALKER е еден од најслушаните артисти на денешнината, додека на YouTube, неговите хитови „Faded“, „Alone“ и „Sing Me To Sleep“ ги оборија сите светски рекорди на гледаност и ги покорија светските топ листи, а исто така имаат и платинест тираж во повеќе од 10 земји.

За оваа година, WALKER најави нова музика, како и светска турнеја, каде за прв пат ќе го види македонската публика и онаа од регионот на фестивалот Skopje Calling 2018!

Влезниците по цена од 1000 ден ПАРТЕР и 1500 денари ФАН ПИТ ќе бидат во продажба од 9ти февруари.

Наскоро очекувајте многу ексклузивни објави во рамки на проектот „25 години Авалон Продукција“.