Tropico


Tropico

Локација: VIP ARENA 1 Tropico

Датум: 28.04.2018 21:00:00

Опис

 Со задоволство Ве информираме дека после многу фестивали, после концертот во Белградска Комбанк Арена пред 20.000 посетители, после настапите ширум Балканот и Европа и после успешната Америчка турнеја момците од ТРОПИКО решија во знак на благодарност за 16 годишната поддршка да ја израдуваат и својата публика во Македонија со феноменален музичко - сценски спектакл.

Имено, на 28ми април со почеток во 21 часот во ВИП Арената во Скопје, Македонската публика ќе има можност да ужива и да се забавува со најголемите хитови на ТРОПИКО. Покрај последниот сингл "Haluciniram" кој ја одбележа претходната година, ТРОПИКО ќе ја подсетат публиката и на своите стари хитови "Misliću na tebe", "Sve moje zore", "Zauvek tvoj", "Paranoja"...

*Количините на влезници во предпродажба се ограничени и по распродавање на истите цените ќе бидат повисоки.

На 28ми април во ВИП Арената во Скопје не очекуваат 2 часа одлична свирка и оригинлно аудио-визуелно доживување, какви всушност се и самите момци од ТРОПИКО.