SZIGET 2018


Dua Lipa

Локација: SZIGET

Датум: 12.08.2018 20:00:00

Опис

 DUA LIPA

Live on SZIGET 2018,
Budapest, 12.08.2018

тридневен аранжман со превоз, ноќевање и влезница

Прв ден, сабота 11.08.2018
Поаѓање од Скопје (19ч, Дрводекор). Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.

Втор ден, недела 12.08.2018
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Слободна прошетка по Центарот (Ваци улица), одмор од патот, промена на пари (1 евра~ 300 форинти) … Сместување во хотелот во 12 ч и слободно време за одмор до 17 ч. Собирање на групата и заминување кон Островот Обуда, местото на одржување на традиционалниот фестивал СИГЕТ на кој што таа вечер централно место ќе заземе светската мегаѕвезда ДУА ЛИПА, а и многу други познати светски имиња на бројните бини, според програмата на фестивалот. Собирање на групата на паркинг пред фестивалот во 01.30 по полноќ и враќање во хотелот. Ноќевање

Трет ден, понеделник 13.08.2018
Напуштање на хотелот околу 10 ч. Разглед на знаменитостите Стар Будим, Цитадела, Плоштад на Хероите (Споменик на Милениумот со Градскиот парк) до 13 часот. Потоа слободно време со можност за посета на некој од Шопинг-центрите (West-end, Arena,…). Собирање на групата во 19 ч и заминување кон дома. Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.

Четврти ден, вторник 14.08.2018

Пристигнување во Македонија во претпладневните часови

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 11500 ден

Аранжманот опфаќа:

*Автобуски превоз 
*ЕДНО НОЌЕВАЊЕ (хотел**) и 
*ДНЕВНА ВЛЕЗНИЦА за ФЕСТИВАЛОТ 
*организација на патувањето

Аранжманот не опфаќа:

* меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)

За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

ВАЖНО!!!

При купување на пакет арнжманот задолжително испратете ги вашите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на 3239-860