YTMKD SHOW


YTMKD SHOW

Локација: VIP Arena Boris Trajkovski (mala sala)

Датум: 12.05.2018 14:00:00

Опис

 Не! Одма да се разбереме. Ова не е meet-up. Ова е една сосем друга приказна, поинаква, нова, тоталано нова. Ова е приказна која ќе не' собере сите на едно место, да се дружиме заедно со сите наши омилени јутубери.

Драги другари и другарки, со огромно задоволство Ви најавуваме големо шоу на 12. 05. 2018 (сабота) со почеток од 14 часот, во малата сала на ВИП АРЕНА - Борис Трајковски каде ќе можете да ја доживеете јутуберската атмосфера предводена од Bobi BeatboxGPWinncootSteffonatorBamboИван АјнштајнIBBlosturDarko AtanasovicAntonio HDBonnoTVLordOFailsАндреј Прави Влогови и Nikola's Art House

. Ќе биде скроз лудо, ќе има челниџи, гејминг, пеење, зезање, Q&A, влогање...

 

 

Ќе биде настан за кој многу долго ќе се зборува, ќе се прашува кога пак и зошто не побрзо?

 

 


Целава приказна другари и другарки ќе биде поставена како настан од светски рамки, на голема сцена. Сето ова ќе биде во продолжение од два - три саати, се разбира не ставаме лимит до кога ќе трае бидјеки не знаеме јутјубериве како ќе се заиграат и колку ќе откачат, на крајот на краиштата дојдени сме за забава, нели?

 

 

На нас останува да ги следиме и гледаме како го прават тоа, да им се восхитуваме на нивните иновации во интернет просторот, да се воодушевуваме на нивната интернет приказна и секако да се обидеме и ние да постанеме како нив – дел од YouTube Македонија!

 

 


Дојдете заедно да бидеме дел од оваа приказна, и колку и да звучи клише ќе го напишеме: не дозволувајте други да ви раскажуваат како било!

 

 

 

 

 

Не другари, ова нема да биде meet-up. Ова ќе биде ШОУ!

 

 

 

 

 

Билетите можете да ги купите во Југотон и продажната мрежа на Тикет Плус, како и on-line на ticketplus.mk и jugoton.mk по следниве цени:

 

  • Фан Пит - 600 ден. (само 300 влезници)
  • Партер - 300 ден.
  • Трибина - 400 ден.
  • ВИП Пакет - 1.500 ден. (фан пит влезница, фотографија и дружење со јутуберите и официјална маичка од настанот)