The Beatles - International Tribute by The BestBeat


The BestBeat

Локација: Станица 26

Датум: 18.05.2018 21:00:00

Опис

 Не сме сигурни дали воошпто дополнително треба да објаснуваме кои се и што претставуваат The Beatles во светската музичка историја. Со еден збор - Класика. Четиво кое во секој музички учебник задолжително стои на првата страна и од нив па натаму понува објаснувањето за тоа што е добар звук, добра мелодија. Почитувани пријатели, сведоци сме на тоа дека Скопје се претвора во град кој станува место кое го тресе светскиот рокенрол звук. И тоа е добро, така треба да биде. Во месец Мај во организација на КОНЦЕРТИ МК Скопје и скопјани, а и сите останати граѓани на нашата татковина ќе ја имаат можноста да уживаат во два одлични музички настани кои повторно не' поврзуваат со трибјут концертите. По супер журката која ќе се случи на 12 мај (сабота) во малата сала на ВИП Арената - Борис Трајковски, поточно свирката на момците од RITAM-SEX-I-JA трибјут за Red Hot Chili Peppers, само шест денови подоцна во Домот на Армијата во Скопје со почеток од 20:30 часот свое дво часовно шоу ќе имаат и маестралните The BestBeat трибјут за Тhe Beatles. Концертот на Тhe BestBeat трибјут за Тhe Beatles се одлучивме да го сместиме во Станица 26 од едноставна причина. Концерти од ваков карактер задожително треба да се уживаат во целост, да се гледаат од седечка позоција, да може човек целосно да се посвети на секој отсвирен риф, дур, акорд, да ужива во секој отпеан стих, двиежење на сцената, едноставно да се препушти на звукот и 120 минути да заборави на реалноста, 120 минути да им посвети на The Beatles. Поубаво и да не може да си поска сам на себе човек. На брзинка: The BestBeat се оформени во 2005 година во Белград, Р. Србија. До сега имаат свирено на многу големи музички фестивали и настани. Настапувале во повеќе земји ширум Европа; Велика Британија, Австрија, Франција, Швајцарија, Белгија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Бугарија ... Најголемото музичко достигнување до сега на овие момци од Белград е поканата да свират на „Beatie Week“ во Ливерпул во Каверн Клубот по поводот 50 годишнината од првата свирка на легендарните Тhe Beatles каде што тие ги прават своите први чекори во рокенролот кон мега славата која подоцна ќе ги снајде. Во 2012 година во специјалното издание на U.S. Мagazine Newsweek посветно на 50 годишнината од создавањето на легендарната нумера „Love me do“ Тhe BestBeat влегуваат меѓу 30 најдобри трибјут состави на светско ниво кои најавтентично ја свират оваа нумера. Влезниците за концерот на the BestBeat во Скопје се ограничени на 500, бидејки толку седишта има во Домот на АРМ и се по цена од 500 денари. Истите можат да се најдат на проджаните места во Југотон, како и Тикетплус. Влезници за концертот може да се купат и on line на; www.jugoton.mk и www.ticketplus.mk Влезниците на денот на концерот на вратата на Домот на АРМ ќе чинат 600 денари.