Jethro Tull

Локација: СРЦ КАЛЕ

Датум: 16.10.2018 20:00:00

Опис

 АВАЛОН ГО НОСИ ПРОЕКТОТ „50 YEARS OF JETHRO TULL“ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА!

Драги пријатели,
Се потрудивме оваа јубилејна година во која славиме 25 години да ја направиме историска. 
Затоа носиме проект кој е антологиски и за кој сме уверени дека ќе им значи на многу генерации!

Ја имаме таа привилегија да потпишеме договор лично со Ian Andreson, според кој Авалон ќе ги организира сите концерти на JETHRO TULL во овој дел на Европа, на нивната јубилејна турнеја!

Редоследот на концертите и градовите е следен:

13 октомври- Загреб- Дом Спортова
14 октомври- Белград- Сава Центар
16 октомври- Скопје- СРЦ Кале
17 октомври- Софија- НДК

За скопскиот концерт ја одбравме салата во СРЦ Кале бидејќи се покажа како одлична за концертите на Simple Minds, Apocalyptica и Morrissey, во комбинација со стоење и седење.

Билетите се во продажба онлајн на avalon.mk, преку продажната мрежа на  Југотон, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР – 1000 денари
ФАН ПИТ – 1500 денари
ТРИБИНИ (седење) – 2000 денари

Овој култен британски рок бенд, кој има снимено 30 албуми досега, а ги има продадено во над 50 милиони примероци, конечно доаѓа и во Скопје, во рамките на турнејата „50 years of Jethro Tull“. 
Се гледаме на 16-ти октомври, во СРЦ Кале!

Машината не престанува!

Авалон Продукција