Локација: СРЦ КАЛЕ

Датум: 13.02.2019 20:00:00

Опис

ИЗВОНРЕДНИОТ TOM ODELL ВО СКОПЈЕ!

Драги пријатели,
Иако до крајот на календарската 2018 година имаме да ви понудиме уште минимум десет проекти, светската музичка индустрија не може и не сака да чека!
Поради тоа, со задоволство одиме понатаму и ви го најавуваме првото светско име за 2019-та година- суперквалитетниот TOM ODELL доаѓа во Скопје, на 13- ти февруари 2019 година во СРЦ Кале. 
Извонредниот млад кантавтор кој стана светски популарен со песната „Another Love“, во рамки на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен „Jubilee Road“ што излегува на 12 октомври, доаѓа во Скопје да испорача едно типично суперквалитетно британско шоу.
Сме имале можност да го гледаме ТOM ODELL во живо на некои регионални фестивали и тоа е перформанс кој едноставно не смее да се пропушти!
Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени утревечер во 21 часот. 

Одиме понатаму,
Авалон Продукција