Локација: Сала Борис Трајковски

Датум: 30.09.2019 20:00:00

Опис

Драги пријатели,

 

Неверојатно задоволство ни е со Вас да ја споделиме следнава вест.
После концертот на Sting, на Скопје ќе му се случи уште еден неверојатно голем музички настан.
Во рамките на својата светска турнеја, која почнува на 17 февруари 2019 година, каде го промовира најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n`e’“ (којшто излегува на 23 ноември), а која ќе ги опфати сите континенти, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, ЕROS RAMAZZOTTI ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.

Нема потреба да се наведуваат епитети околу неговото име и кариера, доволно е само официјално да се објави дека ЕROS ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА!

Tој доаѓа во Скопје со комплетно своја продуцкија (звук, светло и видео) и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто EROS доживување, покажано и докажано низ годиниве од негова страна како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.
Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на ова исто место, вечерва во 21 часот. Концертот на Еros Ramazzotti во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Sting, ако се земе во предвид капацитетот на салата.
Авалон Продукција освен во Скопје, го работи и концертот на Еros Ramazzotti во софиската арена „Армеец“ која е со капацитет од 16.000 посетители, а кој ќе се одржи на 03-ти октомври.

ВАЖНО: Влезниците за концертот на Еros Ramazzotti, ќе бидат пуштени во продажба онлајн исклучиво преку новиот тикет систем на Авалон Продукција, кој го има на avalon.mk, а исто така ќе има и продажна мрежа која ќе биде објавена вечер со останатите информации.

Одиме понатаму,
Авалон Продукција