Локација: СРЦ КАЛЕ

Датум: 23.11.2018 20:00:00

Опис

 ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ- НОКАУТ И АВАЛОН СЕ ВРАЌААТ НА ИСТО МЕСТО!

Големо е задоволството кога во годината на јубилеи констатираш дека има уште еден јубилеј.

Па така со реално јак повод каков што е нов албум на групата, НОКАУТ и Авалон Продукција после 20 години се враќаат на местото каде што Нокаут го одржа првиот голем концерт во СРЦ кале, во организација токму на Авалон Продукција.

Како дата, средбата помеѓу Нокаут и огромниот број на нивни фанови е избрана 23- ти ноеври во СРЦ Кале.

Сите детали околу влезниците за овој голем славенички концерт ќе бидат објавени наскоро.

Авалон Продукција