COLDPLAY

COLDPLAY

Локација: ERNST-HAPPEL-STADION

Датум: 08.05.2017 21:37:00

Опис

 Почитувани дами и господа,

КОНЦЕРТИ МК

со задоволство ви ги претставува

 

coldplay-afod-title 

11 јуни (недела) 2017 г., 20:00 ч.

  «Виена, Австрија»

 

Британскиот рок бенд COLDPLAY ја продолжува својата мега успешна турнеја и во 2017 година! Најблиску до нас ќе можеме да ги видиме на 11 јуни 2017 година на Ернст Хапел Стадионот во Виена.

 

За сите фанови на COLDPLAY од Македонија овозможивме влезници и организиран превоз за овој концерт и истите ќе можете да ги најдете во продажната мрежа на Југотон и Тикет Плус по следниве цени:

Партер - 11.750 ден

Аранжман Партер – 17.300 ден.


Аранжманот опфаќа:

Автобуски превоз (Скопје-Виена-Скопје)

Влезница за концертот

Ноќевање во хотел во Виена

Аранжманот не опфаќа:

 

Патничко осигурување

Индивидуални трошоци

 

Аранжманот можете да го платите на 2 рати. При купување на аранжманот треба да се плати плати минимум 50% од сумата, а останатиот дел се плаќа најдоцна 10 дена пред концертот. Во случај до концертот да има помалку од 10 дена потребно е да се плати целата сума.


Програма на патувањето:


Состанок на групата на 09.06.2017 во 20:45ч. на паркингот Дрводекор. Тргнување кон Виена во 21:00ч. Пристигување во Виена на 10.06.2017 околу 11ч. Чекирање во хотелот и слободно време за индивидуални активности, ноќевање. 11.06.2017 слободно време за индивидуални активности. Почеток на концертот во 19.30ч. По завршувањето на концертот состанок на групата на договорено место и тргнување кон Скопје.