JUSTIN BIEBER TOUR 2017

JUSTIN BIEBER

Локација: Autodromo Nazionale Monza, Legnano, MA

Датум: 18.06.2017 00:00:00

Опис

18 јуни (недела) 2017 г., 17:30 ч.

«Милано, Италија»
Најголемата поп ѕвезда на денешницата ја продолжи својата турнеја наречена “Purpose World Tour” и оваа година! После спектакуларниот концерт во Загреб ќе можеме да го видиме повторно во Милано, Италија на фестивалот I Days 2017!

На оваа турнеја како специјален гостин со него доаѓа и Martin Garrix. Како дел од фестивалот освен Justin Bieber и Martin Garrix ќе ги видиме и BASTILLE, ALMA и многу други…

Влезниците за овој концерт ќе можете да ги купите во продажната мрежа на , Југотон како и онлајн на jugoton.com.mk по следниве цени:

Аранжман со организиран авионски превоз: 

Партер – 16.850 ден. 

 

Аранжманот опфаќа:

Авионски билет на релација Скопје-Милано и Милано-Софија
Аеродромски такси
Мала кабинска торба
Влезница за концертот од категоријата ПАРТЕР
Организиран превоз од аеродромот во Милано до местото на концертот и назад
Организиран превоз од аеродромот во Софија до Скопје
Аранжманот не опфаќа:

Патничко осигурување
Индивидуални трошоци
 

Програма на патувањето:

Состанот на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје на 18.06.2017 во 11:00 часот и полетување во 13:15 со авиокомпанијата Wizz Air. Слетување на аеродромот Орио ал Серио во Милано во 15:15 часот. Завршување на царински контроли и тргнување од аеродромот во 16:15 часот и транспорт до местото на настанот. Пристигнување на местото на настанот во 17:00 часот. Фестивалот започнува во 17:30 часот а завршува во доцните часови. По завршувањето на фестивалот состанок на групата на договореното место и тргнување кон аеродромот Орио ал Серио. Очекувано е на аеродромот да пристигнеме на 19.06.2017 околу 03:30 часот. Полетување од аеродромот во Милано во 09:05 и пристигнување во Софија во 12:00 часот. Организиран превоз од аеродромот во Софија до Скопје. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.