Вашиот омилен Југотон, во срцето на Скопје. Се наоѓаме во ГТЦ на 1 кат повеќе од 40 години.

Препознатливи со главна дејност како издавачка куќа, нашиот главен мотив е да обезбедиме музика за сечиј вкус.

Во нашето музичко царство изборот е неограничен – вршиме продажба на голем број оригинални домашни како и странски музички изданија, компакт дискови и винил плочи од најбараните изведувачи во светот.

Асортиманот на музичката продавница Југотон е збогатен со голема колекција на постери, беџови, рамки за постери, книги, игри за PC, Sony Playstation 2,3,4, PSP, Xbox, Nintendo.

Кога помислуваш на богата фонотека, знаеме дека помислуваш на Југотон.

Кај нас можете да купите влезници за музички концерти, спортски натпревари и културни настани во земјата и странство.

Со оваа Е- продавница овозможуваме едноставно и безбедно купување на вашите омилени музички наслови, влезници и останатиот асортиман. Одберете, нарачајте и добијте ги омилените производи на домашна адреса.

Достапни сме за телефонски контакт од понеделник до петок од 9ч до 17ч, а на нашата електронска пошта и Фејсбук страница одговараме во најкусо време. .